Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Едносменската настава не е лесен процес, но добро се одвива

20250811132604 big 730x400 2.webp.webp

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска соопшти дека едносменска настава има веќе во 150 училишта во коишто немало или имало многу малку градежни интервенции за да може да биде воведена.

Очекува овој процес да продолжи во 25 училишта во кои, рече, ќе има потреба од градежни зафати т.е. доградба на училници за да може да ги опфатат сите ученици во една смена.


-Сигурно почнуваме во пет, почнуваме во општините Ѓорче Петров и Карпош, а потоа продолжуваме и во други. Оваа година очекувам да започнеме работи во 25 училишта кои, секако, ќе бидат подолготрајни и ќе преминат во следната година – изјави Јаневска одговарајќи на новинарски прашања по извршениот увид за изградба на училишна спортска сала во општина Петровец.

Додаде дека воведувањето на едносменската настава е поврзано со оптимизација на училишната мрежа што, рече, „не е лесен процес“.

-Тој е почнат, добро се одвива и понатаму ќе се одвива. Верувам дека најголем дел ќе успееме да го завршиме во еден мандат, но верувам дека и тие што ќе дојдат после нас ќе го продолжат затоа што тоа е исклучително важно за квалитетот на образованието и во корист на учениците- посочи министерката за образование и наука.

Можете да прочитате

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, соодветните служби работат, во координација сме со МВР

Голем пожар во кичевско, на терен три хеликоптери

Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери