Утрински Весник
Македонија

Утре презентација на повеќе едукативно-превентивни кампањи во Охрид

Ohrid1 1.jpg

СВР Охрид и РСБСП, утре од 10 часот, на градскиот плоштад  „Св.Климент Охридски”, во Охрид, ќе извршат презентација на повеќе едукативно-превентивни кампањи кои, досега се реализирани во Охрид но и во другите градови во земјава.

Низ кратки разговори со граѓаните, полициски службеници од отсекот за превенција ќе ги запознаат за содржините, насоките и советите што се даваат при спроведувањето на кампањите  „Стави појас”, „Ако пиеш не вози”, „Безбедно во лето-вози одморен”, „И јас и ти сме пешаци”, ,,Безбедно во лето- носи кацига”, „ Користи пешачки”, „Одговорно паркирај”, „Спречи кражби”, „Безбедно вози- не користи мобилен” и други а се суштински за  подигнување на безбедносната култура кај граѓаните, јакнење на свеста и совеста за поголема внимателност во заштита на личниот имот и сопственост на граѓаните, одговорно однесување во сообраќајот и подигнување на сообраќајната безбедност.


Можете да прочитате

Владата го подржува протестот на транспортерите, ЕУ мора да го олесни пристапот за професионалните возачи

Синдикатот на културните работници со повик за протестот во среда

Ѝ ја зел картичката и си извадил 500 евра