Утрински Весник
Македонија

Авион на Аустијан Ерлајнс удри во јато птици на скопскиот аеродром, втор инцидент за два дена

Jxaffgcdvqjlzkwsipkvvjdzrnbxqgeqtdzwxvtlmauhtvuigltsoataqvthunob scaled 1.jpg
Dik 300x250 mk

Рано утринава, околу 04:00 часот, авион на „Аустијан Ерлајнс“ доживеа сериозен инцидент на скопскиот аеродром, откако удри во јато птици. Ова е втор ваков случај за само два дена на истата локација.

Според информациите, една од птиците речиси целосно го уништила моторот на авионот од тип „Ербас 320“. Пилотите, кои во моментот се наоѓале на крајот од пистата и биле подготвени за полетување, биле приморани веднаш да ја намалат брзината и да го прекинат полетувањето.


За среќа, имало доволно простор авионот безбедно да закочи, а несреќата завршила без повредени. Поради големата материјална штета на леталото, летот бил целосно одложен.

Инцидентот доаѓа само два дена по слична ситуација кога авион на „Виз Ер“ удри во јато птици при полетување, по што кружеше над скопскиот аеродром и беше принуден да слета.

Судирите на авиони со птици претставуваат сериозен предизвик за аеродромите ширум светот, бидејќи можат да предизвикаат значителни оштетувања, особено доколку птицата влезе во моторот. Поради тоа, на аеродромите се применуваат различни методи за одвраќање и контрола на птиците во близина на пистите.

Можете да прочитате

М-НАВ ангажира адвокати по 12.000 денари на час или 9.600 евра само за 48 часа

Таравари: Албанската опозиција доби над 25% повеќе гласови од ВЛЕН

Уапсени двајца полициски службеници осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица, поднесена кривична пријава