Утрински Весник
Македонија

352 лица ја минаа дводневната обука за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работен ангажман

Foto oprema za pozari 2.jpg

На јавниот повик на Владата во врска со активната мерка од оперативниот план за 2025, јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) – (пилот мерка) се пријавија 499 кандидати, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Од нив, на обука се појавиле 364 кандидати а 352 лица успешно ја минале обуката.


„По завршената дводневна теоретска и практична обука изведена во координација со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување како и територијалните противпожарни единици на градот каде што се одвиваше обуката, понатаму ќе продолжат 352 лица кои во текот на утрешниот ден ќе потпишат договор за работно ангажирање за јавни работи со Агенцијата за вработување каде како партнер се јавуваат и Дирекцијата за заштита и спасување и соодветната општина која е дел од оваа владина мерка“ вели Ангелов.

Можете да прочитате

СДСМ: Трајчевски да одговори: Каква е неговата улога за влегувањето на медиумите на Вучиќ во Македонија?

Вработен во банка во Гевгелија влегувал во сметки на корисници и одзел скоро мет милиони денари и над 63.000 евра

Приказната за „Силјан Штркот“, која е дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, оживува и во нова сликовница