Утрински Весник
Македонија

Склучени договори за изградба и адаптација на објекти за детска и социјална заштита со 8 општини

1 52.jpg

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани потпиша договори за изградба и адаптација на објекти за социјална и детска заштита со осум општини.

Склучувањето на договорите ја потврдува заложбата на министерството кое продолжува со силна поддршка на општините за развој на капацитетите за детска и социјална заштита, а со цел унапредување на пристапот и квалитетот на услугите кон граѓаните.


За прв пат детски градинки добиваат с.Сингелиќ, Општина Гази Баба со капацитет од 60 деца и с. Челопек , Општина Брвеница за 50 деца. Детски градинки добиваат и општините: Зелениково (86 деца), Аеродром (265 деца), Валандово – с. Пирава (52 деца) и Карпош – Влае, (144 деца).

Сите објекти ќе се реализираат во рок од 8 до 18 месеци, согласно динамиката определена во договорите и техничките проекти.

Во рамки на политиките за унапредување на социјалната грижа потпишани се договори за два нови проекти: Кавадарци – дом за стари лица, со капацитет за 65 корисници и Штип – адаптација на постоечки објект во Центар за рехабилитација на деца/лица со попреченост, со капацитет од 24 корисници.

Вкупната вредност на објектите изнесува приближно 9 милиони евра.

Со оваа значајна инвестиција, Министерството и локалните самоуправи покажуваат посветеност кон создавање на подобри услови за раст и развој на децата, како и грижа за ранливите категории граѓани, преку соодветни објекти и современи услуги од областа на социјалната и детската заштита.

Можете да прочитате

Многу топол бран од југ во Македонија: Температурите одат до 40 степени!

„Ако е болна на носилки во полиција“ – тензична полициска акција во Демир Хисар

Утре презентација на повеќе едукативно-превентивни кампањи во Охрид