Утрински Весник
Економија

Инвертер клими за ранливите семејства – Министерството за енергетика издвојува 170 милиони денари за борба против енергетската сиромаштија

Klima.webp.webp

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави мерка која директно го таргетира најчувствителниот сегмент од населението – ранливите потрошувачи на енергија. Со јавен оглас што стапи во сила, Министерството започнува со распределба на енергетски ефикасни инвертер клима уреди за 2025 година, со што ќе се подобри квалитетот на живеење и ќе се намалат трошоците за енергија во илјадници македонски домови.

Мерката се реализира согласно Програмата за изменување и дополнување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година („Службен весник на РСМ“ бр. 161/25). Согласно јавниот оглас за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија, со цел унапредување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на живеење, домаќинствата кои ги исполнуваат условите ќе се стекнат со право на купен и вграден инвертер клима-уред со моќност од 3.5 kW и енергетска класа од најмалку А+. Овие уреди не само што штедат електрична енергија, туку обезбедуваат и висока ефикасност за греење и ладење – токму таму каде што е најпотребно.


Рокот за аплицирање е 60 дена од денот на објавувањето на огласот во дневен весник. Повеќе информации како и потребните обрасци за аплицирање се објавени на веб-страницата на Министерството.

Можете да прочитате

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

Трипуновски: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година

УЈП од електронски аукции во државниот буџет инкасирала 314 230 евра