Утрински Весник
Македонија

Во функција четвртата целосно сервисирана локомотива

Img 6268.jpg

Железници Транспорт АД Скопје денеска во функција ја пушти 4 -тата локомотива која е целосно сервисирана, а која поради неодржување од претходното раководство на компанијата беше надвор од експлоатација од 2023 година. Се работи за една од четирите локомотиви кои се набавија во 2018 година, а кои поради неконтинуираното сервисирање беа надвор од употреба повеќе од две години.

Од Железници истакнуваат дека во овој момент на располагање се вкупно 13 возови и локомотиви со кои значително се задоволуваат потребите на меѓународниот и внатрешниот железнички сообраќај.


Со враќање во функција на оваа локомотива целосно се покриваат потребите за железничкиот товарен сообраќај, што не беше случај пред една година кога немаше ниту една функционална локомотива за карго транспорт.

Можете да прочитате

Почина Гоце Контевски, доајенот на македонското новинарство

Штипскиот ЗОО парк „Бриони“ со нови жители: Лемури, волк и виетнамски прасиња пристигнуваат пред Велигден

Министерството за здравство со нов модел за ретки болести: Заштеди од илјадници евра и стабилна терапија