Утрински Весник
Македонија

Екоцид: Во водата во Велешко езеро има 50 пати повеќе амонијак од дозволеното

1280px veleshko ezero 4.jpg

И покрај повеќекратните предупредувања, езерото „Младост“ кај Велес и натаму останува небезбедно за капење, рекреација и наводнување – покажуваат најновите резултати од анализите на Центарот за јавно здравје – Велес, направени на 17 јули годинава.

Во извештајот се наведува дека водата е со лош квалитет, особено на мерните места „Отовичка плажа“, „Брод Панини“ и „Плажа Бела Вода“, каде се забележани алармантно високи концентрации на амонијак – дури 50 пати над дозволеното, зголемена заматеност и повисоки нивоа на сатурација со кислород.


Иако микробиолошките параметри покажуваат добра оценка, физичко-хемиските анализи ја рангираат водата меѓу третата и петтата класа – што значи дека не ги исполнува условите за безбедно користење. Дополнително, на терен е забележана масовна појава на алги и густа биомаса со непријатна жолто-кафеава боја која го покрива крајбрежјето.

Стручњаците предупредуваат дека постои сериозен ризик од присуство на цијанобактерии и токсични супстанции – цијанотоксини – кои можат да предизвикаат оштетувања на црниот дроб, нервниот систем и кожни реакции. Поради тоа, Центарот за јавно здравје веќе вторпат препорачува итно и специјализирано испитување за утврдување на нивното присуство.

Извор на проблемот, според експертите, се отпадните води кои завршуваат во езерото од околните населби, од кои дел сè уште не се приклучени на колекторскиот систем за пречистувањe

Додека не се потврди спротивното, стручните служби категорично укажуваат: водата од езерото „Младост“ не смее да се користи – ниту за капење, ниту за наводнување, риболов или рекреација.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна