Утрински Весник
Македонија

Во Охрид денеска се одржува 46. издание на Илинденскиот пливачки маратон

Ohrid.jpg

Традиционално по 46-ти пат во водите на Охридското Езеро ќе се одржи малиот Илинденскиот пливачки маратон во организација на П.К. „Охридски бранови 2008”-Oхрид.

Како и секоја година патеката започнува од плажата Горица до кејот на Охридското Езеро (пред х.”Ривиера”). Патеката изнесува 2,5км., а пливачите се поделени во две категории и тоа 15 години и помали, но не помали од 10 години, и од 16 до 35 години, информираат од клубот.


Првиот старт ќе започне во 10 часот, додека вториот во 11 часот.

Патеката ќе биде обезбедена со медицински и спасувачки екипи на Црвен Крст- Охрид, а за регуларноста на трката ќе се погрижат два судиски тимови, додaваат.

Можете да прочитате

Паметни телефони, „паметни“ измами и обични луѓе

„Платформа 12:05“: Сите ви се виновни за поразите, само Филипче не!

СДСМ: Власта штанца кривични по нарачка за неисплатени пари – додека го штити криминалот на Мицкоски