Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Благодарни сме што тарифата е корегирана на 15 отсто, преговараме со САД за уште пониски царинските стапки

20250801121125 big 730x400 90.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање да даде коментар за намалените царински стапки од страна на САД кон земјава, истакна дека ова е прва фаза и оти преговорите продолжуваат. 

-Од она што го видовте како соопштение од страна на Кабинетот на претседателот на САД Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор, бидејќи тој кажа дека до 1 август ќе ги објави новите царински стапки, не се ни царини, ова се трговски маржи. Ние сме од 33 проценти намалени на 15. Преговорите продолжуваат. Во моментот се наоѓаме на една условно кажано пауза. Веднаш по годишните одмори коишто ќе ги користи и администрацијата и од Кабинетот на претседателот Трамп и канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во Министерството и институциите, очекуваме во втората половина на август да продолжиме со преговорите, рече Мицкоски.


Тој изрази очекување тарифите да одат уште подолу, изразувајќи благодарност кон САД што ја корегираа тарифата од 33 на 15 проценти.

-Ние продолжуваме понатаму да преговараме и оптимист сум дека ќе одиме уште подолу. Еве да речеме од земјите во соседството Србија има 35 проценти, БиХ 30 проценти, додека Швајцарија 39 проценти. Ние како Македонија сме во иста група со Израел, Норвешка, ЕУ итн…, рече Мицкоски.

Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти.

Можете да прочитате

Од понеделник времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново поради изградба на клучката Дреново

Честитка на министерот Минчев по повод Денот на Републиката

Мицкоски: Илинден нè обединува околу идејата за држава што ги надминува поделбите