Утрински Весник
Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова помилува осум осуденици по повод Илинден

Siljanovska davkova pretsedatel.jpg

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, донесе одлука за помилување на осудени лица по повод 2 Август – Илинден, еден од најзначајните национални празници во Македонија, соопшти 4NEWS.mk.

Со одлуката, четворица осуденици се целосно ослободуваат од понатамошно издржување на затворската казна. Тоа се:


  • Раде Здравко Јовановиќ од селото Криволак, Општина Неготино
  • Алберт Тарзан Алиевски од Кавадарци
  • Николче Љубе Костадиновски од Куманово
  • Зејадин Сали Мифтари од селото Черкезе

Дополнително, делумно помилување, односно намалување на казната затвор, добија уште четворица осуденици:

  • Емир Надир Јонузи од с. Слатино, Тетово – за 3 месеци
  • Коле Петре Талевски од Битола – за 3 месеци
  • Чушков Јордан Сашо од Велес – за 3 месеци
  • Исмаили Џелал Јетмире од Гостивар – за 6 месеци

Одлуката е донесена врз основа на член 84 од Уставот на Република Македонија и согласно Законот за помилување.

Можете да прочитате

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените 

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија

Променливо облачно време со сончеви периоди