
Метео анализа на Славчо Попоски:
Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронтален систем од север и од северозапад, во текот на денешниот ден (четврток 31 јули) на повеќе места во нашата Република Македонија, особено во јужните, југозападните, како и во источните предели ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално пак, атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во делови од Скопскиот регион ќе има појава на повремен дожд со услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, што значи дека ќе биде значително посвежо. Во Скопскиот регион максималната температура денес ќе се искачи до околу 29 степени.