Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ се сламката за спасот на Коцевски, за тој да продолжи да им го спасува и штити криминалот

Vmro 1.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС со последни сили се бори да си ги спаси од одговорност криминалците во своите редови.


И во оваа борба е во соработка со нивниот некогашен владин коалиционен партнер, а сега опозиционен партнер, ДУИ.

Вчера здружно застанаа на браникот да го спасат Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана интерпелација во македонското Собрание.

Сега на сите ни е јасно, зошто никој од СДС и ДУИ не е во затвор по обвинение на Основното јавно обвинителство. 

Затоа што Љупчо Коцевски, како прв човек на обвинителството, наместо да го гони сторениот организиран криминал и корупција од лица на СДС и ДУИ, тој се стави во нивна заштита.

Сламката на спасот за Коцевски е СДС и ДУИ, за после тој да продолжи да им ги спасува и штити криминалот.

Со вчерашното собраниско гласање, односно негласањето на СДС и ДУИ за интерпелацијата на Коцевски, станаа јасни и други работи.

Сега веќе е јасно кој ја мати водата за трагедијата во Кочани. Истите оние кои претпладнето правеа пресови за Кочани, не беа задоволни од истрагата и обвинуваа за селективност, сега сметаат дека Коцевски добро си ја работел работата.

ДУИ и СДС се штитникот на Коцевски. Така тие си го штитат криминалот на Венко Филипче и Зоран Заев, исто како и на Али Ахмети.

Затоа и покрај јавно објавените индиции и докази за вмешаност во криминал и корупција на Филипче, Заев, на скоро цела фамилија на Амети, нема никаква истрага или постапка од обвинителството.

Сите се се уште на слобода, без никакви кривични пријави, да си ги шират бизнисите од криминално стекнатите пари.

На Македонија и треба независно и непристрасно Јавно обвинителство, отпорно на политичко влијание, кое ќе ги гони сторителите на криминал и корупција, а не обвинителство во служба и заштита на криминалот и криминалците од СДС и ДУИ.

Можете да прочитате

Tаравари очекува со Европскиот фронт двојно повеќе гласови од ВРЕДИ

Мицкоски: Преку вториот повик, имаме 828 потпишани проекти во сите општини во државата без разлика градоначалникот од која партија доаѓа

10 милиони денари за ревитализација на Велешко езеро