Утрински Весник
Свет

Најмалку 16 загинати при пад на авион врз училишен двор во Дака

Image 2025 07 21 151229212.png

Најмалку 16 лица загинаа, а многу други се повредени кога авион за тренинг на военото воздухопловство на Бангладеш се урна врз дворот на училиште во Дака, пренесе ДПА.

Според други извори, загинале најмалку 19 луѓе.


Авионот од кинеско производство, модел F-7BGI, се урнал пред влезот на двокатната гимназија „Мајлстоун Скул енд Колеџ“ во северниот дел на главниот град во попладневните часови.

Во моментот на падот, многу деца биле присутни во училиштето, кое е наменето за ученици од основно до 12-то одделение.

Шеснаесет лица загинаа во несреќата, изјави Саједур Рахман, помошник на шефот на привремената влада, Мухамед Јунус. Рахман разговараше со новинарите во Институтот за изгореници и пластична хирургија во Дака, каде што беа однесени многу од повредените.

Тој додаде дека повеќе од 100 лица се на лекување во различни болници.

Владата утрешниот ден го прогласи за ден на национална жалост, за да им се оддаде почит на загинатите, изјави Асиф Назрул, висок член на кабинетот на Јунус.

Каледа Катун, дежурен службеник во контролната соба на противпожарната служба и цивилна заштита, изјави дека девет противпожарни возила работеле на гаснење на пожарот на местото на несреќата.

Причината за падот сè уште не е позната. Владата соопшти дека ќе започне истрага.

Можете да прочитате

Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година

Следните разговори меѓу Русите и Украинците се закажани за во среда

Зеленски најави дека француски компании ќе почнат со производство на дронови во Украина