Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Активни се пет пожари на територијата на земјата

Pozar 1.webp.webp

Центарот за управување со кризи информира дека до 08:00 часот утрово, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 2 се под контрола и 22 се изгаснати.

АКТИВНИ: 5


1. Општина Желино: с.Желино према Еребино – планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација);

2. Oпштина Василево: с.Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);

3. Општина Македонски Брод 1: с.Грешница (мешана шума и ниска вегетација);

4. Општина Македонски Брод 2 (реактивиран): помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);

5. Општина Прилеп: помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација).

ПОД КОНТРОЛА: 2

1. Општина Македонски Брод: с.Слатина (смрека, сува трева и друга ниска вегетација);

2. Oпштина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума);

ИЗГАСНАТИ: 22

1. Општина Студеничани 1: с.Горно Количани (ѓубре и ниска вегетација);

2. Општина Студеничани 2: н.м. Батинци (ниска вегетација;

3. Општина Бутел: кај гробишта Бутел (ниска вегетација );

4. Општина Сарај: на обиколница Сарај (ѓубре и ниска вегетација);

5. Општина Кисела Вода: ул.Сердарот (ѓубре и ниска вегетација);

6. Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре);

7. Општина Демир Хисар: Градска депонија (ѓубре);

8. Општина Ресен: помеѓу селата Прељубље и Покрвеник (ниска вегетација);

9. Општина Дојран: с.Николич (нискостеблеста шума);

10. Општина Струга: с.Ложани (нива со жито и стрниште);

11. Општина Свети Николе 1: с.Немањици (ниска вегетација и фотоволтаици);

12. Општина Свети Николе 2 : с.Орел – с.Ѓуѓанци (смреки и ниска вегетација);

13. Општина Штип: с.Аргулица (ниска вегетација);

14. Општина Кочани: с.Мојанце (стрниште);

15. Општина Куманово: с.Четирце (ниска вегетација);

16. Општина Куманово: ул.Доне Божинов (ниска вегетација);

17. Општина Липково: с.Ваксинце (ниска вегетација);

18. Општина Старо Нагоричане: с.Орах (ниска вегетација).

19. Општина Тетово: Фалише (ниска вегетација);

20. Општина Брвеница: с.Теново (депонија);

21. Општина Гостивар 1: с.Дебреше (ниска вегетација);

22. Општина Гостивар 2: с.Врањевци (ѓубре, багрем и ниска вегетација).

Можете да прочитате

СДСМ: Ало ДПМНЕ, 2015 година беше пред десет години, излитена ви е пропагандата за странски служби

СДСМ: Ало ДПМНЕ, 2015 година беше пред десет години, излитена ви е пропагандата за странски служби

Левица: Не разговараме за коалиција ниту со СДСМ ниту со ДУИ