Утрински Весник
Македонија

Денеска во Кочани нов „Марш за ангелите“

Kocani protest 1 1024x576 1.webp.webp

Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, вечерва ќе го одржи 15. Марш на ангелите – марш на болката и борбата за правда. Маршот ќе почне во 18.5 часот, со собирно место од Паркот на револуцијата. 

– Четири месеци по најголемата трагедија во поновата историја на нашата држава, ние, родителите и семејствата на трагично починатите деца, Ве известуваме дека 19.07.2025 година ќе се одржи петнаесетиот Марш на ангелите – марш на болката и борбата за правда. Маршот ќе започне во 18:05 часот – време што симболично ја претставува доцната и за жал, фатална институционална реакција. Ве повикуваме со отворено срце да ни се придружите – да маршираме заедно во тишина, тишина која симболизира гласно потсетување дека ваква трагедија никогаш повеќе не смее да се повтори – ниту за едно дете, ниту за една мајка, се наведува во соопштението на  Здружение на граѓани 16-ти Март 2025 Кочани.


Кривичниот суд вчера соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе го води понатамошниот дел од постапката.

Согласно обвинителниот акт, на 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност.

Во кобниот пожар пред четири месеци (16 март 2025) во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 лица помеѓу кои шест деца, а над 200 лица беа повредени.

Можете да прочитате

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Македонски туристи во кошмар: Автобусот од Истанбул постојано чади, сите се молат да стигнат живи