Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски тера партиски трибини додека луѓе гинат во пожарите , целосно е одлепен од реалноста

Sdsm.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Мицкоски секојдневно потврдува дека не го интересира здравјето и безбедноста на граѓаните, го интересира само партијата и бесполезните партиски трибини. 


На вчерашниот црн ден во кој две лица ги загубија животите во пожарите, а институциите целосно потфрлија во управување со кризата, Мицкоски реши да си држи партиски трибини наместо да ја мобилизира целата влада за справување со кризата. 

Минатата година, во која изгореа 10% од државата, Мицкоски одеше и сечеше ленти на проекти на СДСМ, а сега ја тера партиската агенда додека неговите институции целосно потфрлаат и граѓаните се оставени сами на себе.

Неговата единствена цел е да прикаже дека сè е во ред со државата, а граѓаните гледаат дека состојбата е целосно излезена од контрола.

ВМРО-ДПМНЕ било и секогаш ќе биде заинтересирано само за власта, за партијата, а никогаш за граѓаните и нивните потреби. Секогаш сопствените интереси пред државните и секогаш личниот рејтинг пред одговорното управување со институциите.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија