Утрински Весник
Македонија

Нов пожар кај Смилковско Езеро – прекинат сообраќајот

Img 2164.jpeg

Вечерва избувна нов пожар на повеќе локации во околината на Смилковско Езеро, за кој постои сомневање дека е подметнат.

Пожарот брзо се прошири, а поради опасноста, сообраќајот на дел од обиколницата е целосно во прекин.


Екипи за интервенција заедно со кризниот штаб се веќе на терен и работат на локализирање на огнот.

Надлежните предупредуваат дека, како последица на пожарот, можно е да дојде и до прекин во снабдувањето со електрична енергија во околните населби.

Можете да прочитате

Активни пожари кај Дебар, Липково, Чашка

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Средба Муцунски – Петрова во Софија