Утрински Весник
Македонија

Македонија активира европска помош: Бараме поддршка преку ЕУ механизам поради пожарите

Img 2141.jpeg

Поради сериозната ситуација со шумските пожари што беснеат на повеќе локации низ земјата, Македонија официјално го активираше Европскиот механизам за цивилна заштита.

Одлуката е донесена по неколку дена интензивни пожари, непристапни терени и преоптоварени домашни ресурси. Преку механизмот, земјата побара меѓународна помош во форма на воздушна поддршка, човечки капацитети и логистичка опрема, со цел побрза и поефикасна интервенција.


„Од страна на Грција се дадени два канадери кои ќе бидат ставени во функција, а исто така и два пешадиски тимови се ставени на располагање преку ЕУ механизмот. Сите владини институции целосно се мобилизирани и активно се вклучени на терен“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Надлежните институции потенцираат дека домашните служби се ангажирани до максимум, но дека обемот и интензитетот на пожарите бараат меѓународна солидарност и брза координирана акција.

Ова е првпат годинава Македонија да побара надворешна помош преку Европскиот механизам за цивилна заштита, кој овозможува заеднички одговор на природни катастрофи и вонредни состојби на територијата на Европа и пошироко.

Можете да прочитате

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ како со булдожер ги сруши меѓународните позиции на државата

Мицкоски до опозицијата: Луѓето кои распродадоа од знаме до име, немаат кредибилитет да судат

По 14 години работа се гаси „Ал Џезира Балканс“ – регионалната редакција заминува во историјата