Утрински Весник
Македонија

Пожарот кај Дојран се прошири и на грчка територија

20250709181353 big 730x400 63.webp.webp

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран, активен веќе трет ден, ја помина границата и се прошири и на грчка страна, а интервенираат копнени и воздушни противпожарни сили на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираат од противпожарната служба на Грција, пожарот е во регионот на Дојранското езеро кај Килкис (Кукуш), а се гасне со 60 пожарникари со три пешадиски тима, 17 возила, два авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни и возила од општината.


За конкретниот пожар кај Дојран, како што претходно објави МИА, Грција испрати два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, по билатералното барање за помош упатено од ЦУК до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција.

Попладнево во 18:00 часот по локално време двата канадери полетаа од Солун, а копнените сили што беа испратени веќе интервенираат.

Можете да прочитате

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово

Груби останува во куќен притвор

Шилегов: Сите во државава се виновни, освен кочанските обвинители за случајот Пулс