Утрински Весник
Македонија

Затворена скопската обиколница поради пожарите, во прекин и сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце

Obikolnica.webp.webp

Поради разгорување на пожарите, од 17 часот затворена е за сообраќај скопската обиколница од клучка Арачиново до клучка Приштина, информира АМСМ.

МВР претходно соопшти дека целосно е прекинат и сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правца, а затворен е и граничниот премин Блаце.


Министерството за внатрешни работи, како што нагласуваат оттаму, во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

Апелираат граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста.

Можете да прочитате

Штерјова: Левица заедно со ВМРО не гласаа за минимална плата од 600 евра

Пронајдено огревно дрво без документација во велешко, приведени три лица

Од бостан, дињи и пиперки собрав 350.000 евра вели мајката на судијата Ѓоко Ристов кој сведочеше за парите скриени во ѕид