Утрински Весник
Македонија

Усвоена Стратегијата на Владата за соработка и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028 

20250708143807 big 730x400 14.webp.webp

Денес на владина седница беше усвоена Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028

По инклузивен, транспарентен и длабоко консултативен процес со граѓанското општество, државните институции и нашите меѓународни партнери, денес Владата го усвои стратешкиот документ кој ќе ги води државните политики за зајакнување на граѓанскиот сектор во наредните четири години.


Стратегијата 2025–2028 е фокусирана на две приоритетни области: создавање поволна средина за функционирање и развој на граѓанското општество, како и зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации и јавните институции.

Овој документ е резултат на заедничка посветеност и отворен дијалог – почнувајќи од јавниот повик во ноември 2024 година, заедничката работна група со граѓанските организации, консултациите преку платформата ЕНЕР, јавните расправи со поддршка од Центарот за ресурси за граѓански организации, па сè до интегрирањето на препораките и коментарите добиени од пошироката граѓанска заедница и институциите. Позитивната оценка дадена од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество го потврдува квалитетот и посветеноста зад овој документ.

Нашата визија е јасна: да изградиме инклузивен, независен и професионален граѓански сектор кој ќе делува како стратешки партнер на институциите во креирањето и спроведувањето на јавните политики.

Сега започнува спроведувањето на Стратегијата и Акцискиот план, со посебен акцент на изградба на ефикасни механизми за мониторинг и евалуација, преку подготовка на пасоши на индикатори во тесна соработка со граѓанските организации.

Оваа стратегија не е само формален документ – таа е конкретна заложба за зајакнување на улогата на граѓанското општество во демократскиот живот на нашата земја.

Заедно градиме поодговорни институции, поправедни политики и поодржлива демократија.

Можете да прочитате

Македонски државјанин инволвирана во случај за тероризам во Швајцарија

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!