Утрински Весник
Свет

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

20250707160031 big 730x400 49.webp.webp
Dik 300x250 mk

Рускиот министер за транспорт, Роман Старовоит, кој утринава беше разрешен од функцијата со указ на рускиот претседател Владимир Путин, во текот на денот беше пронајден мртов во Одинцово, во Московскиот регион, откако извршил самоубиство, објавија московска „Известија“ и Рен ТВ, повикувајќи се на свои извори.

Како што објавува Инфо24, телото на функционерот е пронајдено во неговиот дом во Одинцово, во Московскиот регион. Според информациите од каналот 112, поранешниот гувернер на Курската област Алексеј Смирнов, кој претходно беше уапсен за проневера при изградба на заштитни објекти, претходно сведочел против министерот, по што Старовоит беше разрешен од функцијата.


Путин на местото на разрешениот Старовоит за вршител на должноста министер за транспорт денеска го назначи Андреј Никитин.

Старовоит од мај 2024 година беше задолжен за транспортниот оддел, а на таа функција дојде како гувернер на Курскиот регион, наведоа руските медиуми.

Бриселскиот портал „Политико“ тврди дека Путин го заменил Старовоит откако Украина за време на викендот го загрози рускиот воздушен сообраќај.

Руската влада не даде официјално објаснување за смената на Старовоит, но промената дојде откако украинските напади со беспилотни летала за време на викендот предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај во земјата, при што илјадници патници останаа заглавени на аеродромите поради откажани летови, пренесе бриселскиот портал

Можете да прочитате

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си – Трамп