Утрински Весник
Македонија

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Img 1922.jpeg
Dik 300x250 mk

Поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила. МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје.
Сообраќајот за патнички моторни возила е пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје.
Воспоставен е посебен режим на движење на возила и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце.
Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин е пренасочен по регионален пат Р 22 39 кон село Бразда, Село Глуво Горно Блаце.

Можете да прочитате

Швајцарска енергетска корпорација на чекор до купување на Лукоил Македонија?

Крадец влегол преку незаклучена врата, украл накит на скопјанка, ја турнал и побегнал

Лишен од слобода бегалец од затвор, осуден на затворска казна од девет години и еден месец