Утрински Весник
Македонија

За 8 часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл

Policija.webp.webp

Вчера во периодот од 17:00 до 1:00 часот полицијата спроведе засилена акција, со посебен акцент за преземање мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, при што се преземени вкупно 51 мерка.

Од нив, 7 санкции за возење без возачка дозвола, 25 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, 3 мерки за управување мопед без положен испит за познавање на сообраќајните правила и прописи, 8 санкции за управување мотоцикл со несоодветна категорија, 2 мерки за минување со моторцикл на црвено светло, 3 мерки за незастанување на даден знак „стоп“ од униформиран полициски службеник.


Одземени се 2 мотоцикла поради измината важност на сообраќајната дозвола од над 6 месеци.

За време на сообраќајната контрола санкциинирани се и 104 други видови на сообраќајни прекршоци. Исто така, во текот на изминатата вечер контролирани се 8 угостителски објекти во координација со Државен пазарен инспекторат при што констатиран е 1 прекршок, легитимирани се 66 лица, а извршени се прегледи на лица 23 лица и 8 патнички возила.

Можете да прочитате

Расчистено пукањето од 08 август во тетовско, уапсени три лица

Ахмети повика на предвремени избори „Ситуацијата во земјава не треба дополнително да се влошува“

Нова еколошка катастрофа тлее кај Рашче – под закана е изворот од кој со вода се снабдува Скопје, велат од СДСМ