Утрински Весник
Македонија

Викендов повторно над 40 степени, во недела (6 јули) локално силно невреме 

Meteoalarm.mk 9 2 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ, односно од Африка кој зафаќа најголем дел од Европа му се гледа крајот. Токму ова многу топло време ќе го прекине многу ладниот Атмосферски фронт кој од 8 јули (вторник) од северозапад ќе се спушти и ќе го зафати целиот Европски Континент, секако влучувајќи го Балканот  и нашата Република Македонија.


Токму овој ладен атмосферски фронт ќе донесе температури пониски од сегашните дури и за повеќе од 15 степени низ Европа  и Балканот. Ова ќе услови и многу поврнежливо време со чести временски непогоди. Поради заладувањето, во Алпскиот регион ќе има  и пообилни врнежи од снег  и формирање на снежна покривка.

Временски непогоди од 8 јули (вторник) го очекуваат  и регионот.

Кај нас во Македонија во недела (6 јули) во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и услови за појава на краткотрајно невреме со град.

Значително освежување на времето и голем пад на температурите на воздухот, проследено со засилен ветер од северен правец  од средината на следната седмица, како што погоре наведов ни следува  и во нашата Република Македонија.

Можете да прочитате

Пресек на состојбата со пожарите – гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес

Лишен од слобода “бајач” од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Бошњаковски ја разгоре искрата на Ѓорѓија Пулески, 150 години после „Речникот на три јазика