Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Нов парк во Струмица од 43.000 м2

516452438 1216163687188835 3995542841640731487 n.jpg

Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов објави дека Струмица добива нов голем парк кој ќе понуди содржини за сите генерации.

„На површина од 43.000 м², таму каде што некогаш владееше сивило и бетон, Струмица добива ново зелено срце – модерен урбан парк, изграден со најквалитетни материјали, внимателно одбрани зелени површини, пешачки патеки, амфитеатар на отворено и простори за одмор и рекреација за сите генерации.


Ова нема да биде само парк – ова ќе биде место на живот, креативност, спокој и убавина. Место каде децата ќе растат, младите ќе се дружат, а повозрасните ќе одмараат. Место каде што Струмичани ќе уживаат – секој ден.

Колку и да сака некој да ја попречи мојата визија за нова, модерна и препознатлива Струмица – ние не запираме.Продолжуваме понатаму – поцврсто, позелено, подобро“ вели Костадинов

Можете да прочитате

Поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење, Народната банка наскоро ќе ги објави мерките

Петмина од повредените во кочанската дискотека се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги турка граѓаните во сиромаштија