Утрински Весник
Македонија

Пожар во фабрика за стиропор во Кочани – поголема група на пожарникари успешно го изгаснале

Image 232378.jpg

Голема материјална штета предизвика пожар во фабрика за производство на изолациски материјали од стиропор во Кочани.

Од Територијалната противпожарна единица во Кочани информираа дека околу пладне добиле повик за интервенција во фабриката што се наоѓа во индустриската зона на влезот во градот, по што се упатиле со четири возила и 12 пожарникари.


„Гасењето на огнот беше во специфични услови со оглед што се работи за лесно запалив материјал. Со брза интервенција успеавме да го локализираме и да ја отстраниме сериозната закана да се прошири и на околните објекти. За среќа, освен материјалната штета, нема повредени вработени во фабриката, ниту пак припадници на нашата противпожарна единица, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Увид на местото на пожарот прават полициски службеници од ОВР – Кочани, кои треба да ги утврдат причините за избувнување на огнот.

Пожарот во фабриката за стиропор во Кочани е втора поголема огнена стихија за само два дена, откако во вторникот во кругот на транспортна компанија во населбата Оризари изгореа три автобуси и едно патничко комбе.

Можете да прочитате

Левица:ЕУ директно го негира македонскиот идентитет преку сестринските партии на ДПМНЕ и СДС​​​

ДУИ: Државата изгуби 40 милиони евра од Планот за раст на ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДСМ не се реформирани туку рециклирани