Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните од топлотниот бран

Zesko vreme.jpeg

Институтот за јавно здравје деновиве излезе со препораки за заштита на повозрасните од топлото време.

Се апелира повозрасните да избегнуваат изложување на сонце, како и работа на отворено, во периодот од 11 до 17 часот. Да носат лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капа со висок свод и широк обод и крем со УВ фактор 30+ при изложување на сонце. Да се пие повеќе од вообичаено и да не се чека додека не се почувствува жед за вода. Алкохолните пијалаци да се избегнуваат, како и оние што содржат кофеин, но и екстремно ладните. Доколку лекарот им има поставено некои ограничувања за внес на течности, да се консултираат со него.


Се препорачува да се избегне користење шпорет, рерна и слични уреди од 11 до 17 часот.

– Хроничните болни, посебно оние со болести на кардиоваскуларниот систем, невролошките и белодробните болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија, нагласуваат од ИЈЗ.

За сите промени во здравствената состојба, како што се истакнува, задолжително да се консултира избраниот матичен лекар. 

Можете да прочитате

70годишен тетовец украл паричник па од туѓа картичка извадил 41.000 денари

При претсрес за дрога уапсени две лица од Гостивар

Мицкоски: Во месеците што следат ќе има ново проширување на лекови на позитивната листа