Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ни следува долг, сушен и многу топол период, опасност од шумски пожари!

Meteoalarm.mk 35.png

Во нашата Република Македонија се до 10 јули ни следува долг, сушен и многу топол период. Ќе бидеме под влијаните на Сиптропски Антициклон, односно многу топла воздушна маса која ќе биде поврзана со поле на висок воздушен притисок.

Времето ќе биде сончево со сосема мала локална облачност а ќе дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец, кој повремено ќе засилува на интензитет.


Што се однесува до температурите, тие до петок (4 јули) ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека од викендот, како и следната седмица тие ќе бидат уште повисоки и во Повардарието локално ќе се искачуваат во околу 42/43 степени. Ув индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.

И во Скопје  и околината ќе имаме сосема слично време како и во останатите предели од нашата Република Македонија. Температурата во Скопскиот регион ќе се искачува близу или до околу 40 степени, а веќе следната седмица таа ќе надминува 40 степени.

Поради многу високиот Ув индекс, апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) како и да пијат повеќе течности.

Поради многу топлото и суво време кое ќе го имаме долг временски период, расте опасноста  и за појава на шумски пожари, па затоа бидете крајно внимателни како се однесувате со природата, но и да ги почитувате законите кои се изнадени од државата за забрана за движење низ шумите во нашата Република Македонија за време на овоие летни месеци.

Можете да прочитате

Тошковски: Апсењето во Струмица било филмско, планирале дрогата да ја изнесат од Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со Санчез, разговараа за македонската евроинтеграција и зголемувањето на економската соработка

КАМ соопшти дека на сите вработени за 2025 ќе им исплати рекорден К-15