Утрински Весник
Економија

Толку беше од линеарното покачување, од септември пензииите пак ќе се зголемуваат процентуално

Penzioneri.webp.webp

Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовка појасни дека пензискиот фонд не ги остварил проектиранните цели, па државата одбила дополнителни една милијарда денари.

Поради неостварување на проектирани приходи во пензиски фонд има потреба од дополнително пренасочување на средства кон ПИОМ, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, одговарајќи на прашање да дополнителните милијарда денари планирани во ребалансот на буџетот.


– Станува збор за неостварување на проектираните приходи во рамки на пензискиот фонд и потреба од дополнително пренасочување на средства кон нив, од страна на буџетот. Во однос на усогласувањето на пензиите, веќе кажавме дека во септември, ние го вративме на сила, и така беше предвидено, старото законско решение, ќе продолжиме со истото и ќе имаме покачување, чекаме да заврши месецот и да видиме колку ќе бидат точно пресметките за покачувањето на пензиите до крајот на годината -рече Димитриеска – Кочоска.

Можете да прочитате

ДУИ бара линеарно зголемување на сите плати за 3.500 денари

Мицкоски:СДСМ нема кредибилитет да зборува за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупција и криминал

Цените на нафтата над 100 долари за првпат од август 2022 година