Утрински Весник
Македонија

Перински: Отвореност, отчетност и граѓанско учество – клучни за ефикасна локална самоуправа

Perinski otvorenost otchetnost i gragansko uchestvo kluchni za efikasna lokalna samouprava 1.jpg

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, учествуваше на панел-дискусијата посветена на теми од особено значење – локална самоуправа и граѓанско учество. Во своето обраќање, тој го истакна значењето на соработката со граѓанскиот сектор како суштинска компонента на успешната децентрализација и локално управување.

„Отвореноста кон граѓанскиот сектор ја зголемува довербата и ја подобрува отчетноста, што води кон поквалитетни услуги и подобар живот за сите граѓани”, нагласи Перински.


Тој посочи дека Министерството за локална самоуправа, како носител на политики за рамномерен регионален развој и унапредување на системот на локално управување е активно посветено на изнаоѓање системски решенија кои ги подобруваат условите за работа на општините, а со тоа и квалитетот на живот на граѓаните.

Перински потенцираше дека Министерството делува како партнер на општините и притоа создава услови за нивна поголема ефикасност, транспарентност и испорака на поквалитетни јавни услуги.

Со измените и дополнувањата на Законот за локалната самоуправа, посочи Перински, се предвидуваат нови механизми за одговорност пред граѓаните, како што е можноста за иницирање референдум за доверба на градоначалник, зголемена транспарентност и отчетност на општинските Совети и поголема вклученост на граѓаните во креирањето на локалните политики.

Министерот посебно ја истакна улогата на граѓанскиот сектор и во политиката за рамномерен регионален развој. Здруженијата и бизнис секторот се вклучени во Советите за развој на планските региони, а преку регионални форуми се осигурува учество и при планирањето и финансирањето на проекти.

Во рамки на Програмата за децентрализација и одржлив развој 2021–2026, се предвидуваат активности насочени кон млади, жени и ранливи категории, преку иновативни општински центри, акцелератори и инкубатори.

„Ова се само дел од активностите преку кои го поттикнуваме развојот, соработката и вклученоста на граѓаните. Само преку отвореност и партнерство можеме да ги препознаеме и адресираме вистинските потреби на заедниците”, истакна министерот Перински.

Можете да прочитате

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Превентивна кампања за повозрасните – „Внимавај телефонски измами”

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда