Утрински Весник
Македонија

Потрошувачката кошница, сепак, ќе биде за четиричлено, а не за тричлено семејство

Market 1.webp.webp

Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство, со цел да се дефинираат реални социјални и економски мерки без простор за манипулции, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Кои производи ќе ги содржи таа и нејзиниот износ ќе биде соопштено откако ќе се формира Економско-социјалниот совет (ЕСС).


Владата, инаку, неодамна соопшти дека потрошувачката кошничка ќе биде за тричлено семејство, врз основа на, како што беше образложено, податоците од последниот попис. Дурмиши не образложи зошто дошло до повлекување на ваквата заложба.

На прес-конференција за отчет за работата во изминатата година, Дурмиши посочи дека кошницата ќе биде „реална, многу добро изготвена и со податоци од релевантни институции“ затоа што таа што ја предложиле синдикатите, рече, содржи производи кои не спаѓаат во основни или кои не се трошат во одредени периоди од годината.

„Таа што ја објавуваат синдикатите не е реална и соодветна кошница и бројките не се точни и затоа правиме нова, со реални податоци колку му треба на четиричлено семејство да троши на месец за храна, пијалаци и други потреби, рече Дурмиши одговарајќи на новинарско прашање. Додаде дека синдикатите земаат цени само еден од маркет, а кошницата што се подготвува ќе ги земе предвид цените од три до пет маркети и ќе биде земена просечната.

Новата кошничка ќе биде доставена на првата седница на ЕСС, со која претседава тој, и разгледана од работодавачите, синдикатите и Владата односно, рече, дали е прифатлива за сите социјални партнери.

За намалување на ценовниот шок, рече министерот, се преземаат мерки кои треба да дадат долгорочни или среднорочни резултати. Една од нив е во соработка со МЗШВ – поддршка на земјоделците и домашните производители што ќе придонесе за намалување на цените на основните прехранбени и земјоделски производи зашто повеќе од 70 проценти сега доаѓаат од увоз.

„Затоа треба да ги поддржуваме со што директно ќе влијаеме на намалување на цените. Ќе дадеме предлог и маркетите да ги обележуваат производите што се домашни“, додаде министерот Дурмиши.

Можете да прочитате

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд на 9 јули ќе се најде на собраниска седница

Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ