Утрински Весник
Македонија

Работниците да не работат на отворено во период од 11 до 17 часот, ослободување од работа за бремените и лицата над 60 години

Gradeznici23.jpg

Министерството за економија и труд ја известува јавноста дека согласно усвоената Информација за спроведување на мерки од Фаза 3 на Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението (2025 – 2030), активно ги координира и имплементира препораките за заштита на работниците и подобрување на работните услови во летниот период.

Во услови на екстремни топлотни бранови, Министерството ги повикува сите работодавачи во јавниот и приватниот сектор да ги применуваат следните мерки:


-Одложување на работните активности во најтоплите часови од денот, од 11 до 17 часот, особено за работници кои се изложени на директна топлина;

Воспоставување можности за работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо;

-Обезбедување на соодветни микроклиматски услови во работните простории, со температура до 25°C, освен каде што природата на работниот процес тоа не го дозволува;

Ослободување од работни обврски на бремени жени и лица над 60 години, доколку не се обезбедени соодветни услови за работа, со исклучок на вработените во критична инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).

Министерството за економија и труд ќе продолжи да ги следи и координира активностите за заштита на здравјето и безбедноста при работа, во соработка со Министерството за здравство и останатите релевантни институции.

Овие мерки имаат за цел да ги намалат ризиците од топлотен стрес и други здравствени последици за вработените, како дел од националниот одговор на предизвиците од климатските промени и екстремните временски услови.

Министерството ја повикува јавноста и бизнис секторот на соработка и одговорност во спроведувањето на препораките за заштита на работниците и обезбедување безбедни и здрави работни услови.

За дополнителни информации и насоки, Министерството за економија и труд стои на располагање.

Можете да прочитате

Внимавајте утре ќе биде пеколно жешко – Температурите ќе надминат 40 степени

Во мерките и препораките за топлотниот бран спаѓа и обезбедување климатизиран јавен превоз

Левица: Марко Колев го остави Велес без еколошка заштита додека Езерото Младост умира