Утрински Весник
Македонија

Мицкоски најавува над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство

Mickoski246.jpg
Dik 300x250 mk

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што ќе донесе британскиот договор за македонското здравство и каков вид на инвестиции, изјави:

„Па тоа што го разговаравме во првата фаза, е инвестиција којашто ќе биде поголема од 200 милиони евра. Но, за тоа колку точно ќе биде, ќе треба процесот да отпочне, исто онака како што отпочна за пругата. Министерството за здравство треба да побара од Министерството за финансии, да направи условно кажано, тендер со којшто финансиски институции и банки ќе изразат подготвеност и интерес да го финансираат тој проект и нормално најдобрите услови коишто ќе бидат понудени, ние ќе ги прифатиме и одбереме. А во суштина што опфаќа, Опфаќа довршување на Клиничката болница во Штип, изградба на Медицински факултет заедно со нов студентски дом од 200 легла, изградба на Болницата во Кичево со здравствен дом и целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово. Тоа е она коешто е во прва фаза, да видиме, да почнеме. Имаме рамка, имаме средства слободни за да влеземе и во втора фаза, а тоа е оној долго ветуван голем Клинички центар во Скопје.”


Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца