Утрински Весник
Македонија

Муцунски во Хаг: Единството е најсилната алатка за справување со заедничките закани

20250625100130 big 730x400 41.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова во Хаг учествува на Самитот на НАТО, синоќа присуствувал на работна вечера со земјите членки на Алијансата во формат Совет НАТО – Украина, на која биле и украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха, како и високата претставничка на Европската Унија, Каја Калас.

Муцунски на својот Фејсбук профил објави дека во обраќањето што го имал на работната вечера нагласил дека кохерентноста и единството се најсилната алатка за справување со заедничките закани и предизвици.


– Потенцирав дека потребата да сториме повеќе и да инвестираме повеќе во нашите одбранбени капацитети мора да остане приоритет број еден за сите нас, при што континуираната координација е единствениот начин да постигнеме заеднички успех. Го подвлеков и значењето на постигнување праведно и долгорочно решение за Украина, поздравувајќи ги иницијативите за директни средби меѓу претставниците на Украина и Русија, поддржани од САД и европските сојузници. Изразив и подготвеност за натамошна поддршка од наша страна, согласно со капацитетите и можностите со кои располагаме, наведува во објавата шефот на дипломатијата Тимчо Муцуснки.


Можете да прочитате

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година 

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа

Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување