Утрински Весник
Македонија

Премиера на балетот „Госпоѓа Бовари“ во НОБ – посветена на 25-годишниот јубилеј на примабалерината Марија Кичевска

20250624160342 big 730x400 91.webp.webp

На сцената на Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Г. Флобер. Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, која со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот балет. Како што информираат од НОБ, втората изведба на балетот е закажана за 27 јуни во 20 часот.

Ова балетско дело, поставено во два чина ја раскажува драмата на женската душа, копнежот по страст, слобода и трагичниот судир со општествените норми.


Диригент е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизност и современ израз го доловува духот на 19 век, додека музичката подлога е составена од дела на К. Сен-Санс, М. Равел, Ж. Масне, Ф. Менделсон и Г. Ф. Хендл, сценографијата и костимографијата се на Андреј Злобин и Гана Ипатиева од Украина, светло дизајн, Милчо Александров, а концерт-мајстор е Климент Тодороски, генерален менаџер на проектот: Киро Павлов.

Особено значајно е што оваа премиера е посветена на Марија Кичевска Шокаровска, која со својата уметничка кариера остави неизбришлив печат во историјата на македонскиот балет.Таа ќе ја толкува главната улога на Ема Бовари, во останатите улоги ќе настапат, Франциско Хименез Руиз (Шарл Бовари), Балаж Лочеи (Рудолф Буланже), Дмитро Чеботар (Трговецот Лере) и Ендру Кук (аптекар) заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Можете да прочитате

(Видео) Нов гаф на Давкова: Марко Рубио го помеша со Џи Деј Венс и го нарече Диџеј Венс

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година 

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа