Утрински Весник
Економија

Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над 9 милијарди денари

Zemjodelstvo 3.webp.webp

Земјоделството е стратешки приоритет на Владата. Исплатени над 9 милијарди денари субвенции на над 70.000 земјоделци.
 
Се врши редовна исплата на субвенциите и со тоа им се дава директна поддршка на земјоделците да продолжат со своето производство.
 
За една година, Владата и МЗШВ успеа да ги исплатат заостанатите субвенции на земјоделците за сите категории од 2021, 2022, 2023 година, а се исплаќаат и тековните субвенции.
 
Покрај ова, како Влада успеавме да ги подобриме земјоделските политики и наместо земјоделските производи да се фрлаат, истите сега се откупуваат по пристојни цени од страна на откупувачите.
 
Промените се очигледни. Тие се случуваат. Времето на промените е тука, работиме и ја вреднуваме маката на земјоделците.
 
Оваа Влада е земјоделска и земјоделците после 7 години конечно имаат партнер.
 
Го враќаме нивното изгубено достоинство.
 
Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа!

Можете да прочитате

Мицкоски: Со Обединетото Кралство обезбедивме стратешки инвестиции за градба на брза железница, болници, но и разговараме за Чебрен и Галиште

Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА

Ново поскапување на сите горива од ноќеска