Утрински Весник
Свет

Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД

20250623074516 big 730x400 99.webp.webp
Dik 300x250 mk

Американските опозициски демократи синоќа го критикуваа претседателот Доналд Трамп затоа што, кршејќи го Уставот, донел одлука да го нападне Иран без да побара одобрение од Конгресот на САД.

-Одлуката на претседателот Трамп да го бомбардира Иран ги става САД на работ на поширока војна на Блискиот Исток без одобрение од Конгресот, што е потребно според Уставот, рече демократскиот сенатор Дик Дарбин.


Неколку членови на Конгресот, исто така, рекоа дека американските разузнавачки служби не идентификувале непосредна закана од Иран што би ја оправдала одлуката на Трамп.

Лидерите на демократите во Сенатот и Претставничкиот дом, Чак Шумер и Хаким Џефрис, рекоа дека Трамп „драматично го зголемил“ ризикот САД да се вклучат во нова ескалација на Блискиот Исток.

-На ниту еден претседател не треба да му се дозволи еднострано да ја вовлече земјата во нешто толку важно како војна, со непредвидливи опасности и без стратегија, рече Шумер.

Огромното мнозинство републикански членови на Конгресот ја поддржаа одлуката на Трамп да ги нападне нуклеарните постројки на Иран и со тоа да се придружи на израелската офанзива против Техеран, која трае од 13 јуни.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил