Утрински Весник
Македонија

Костадинов: На сите анкети водам со 3:1, очекувам СДСМ да ме кандидира за градоначалник на Струмица

Kostadinov 2.jpg

„На сите анкети водам со 3:1 и очекувам по завршување на процедурите, партијата да донесе одлука“, изјави градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов за САКАМДАКАЖАМ.МК, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче ги објави првите 19 кандидати за градоначалници – меѓу кои не се најде неговото име.

Костадинов, кој беше в.д. градоначалник во 2017 по заминувањето на Зоран Заев, а потоа пратеник и актуелен градоначалник од 2021, вели дека неговото отсуство од првата листа не е изненадување.


„Го почитувам раководството и мислењето на граѓаните, кои ми даваат предност на сите анкети. Ја подготвувам програмата и ќе ја претставам пред раководството и лидерот Филипче“, рече тој од Словенија, каде ја примил информацијата.

Тој не одговори дали ќе се кандидира како независен, доколку не добие поддршка од СДСМ, а покрај него, како потенцијални кандидати се спомнуваат и Марјан Даскаловски, актуелен претседател на ОО СДСМ и Коста Јаневски, кој беше градоначалник од 2017 до 2021.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните