Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Левица: Кафич во сопственост на заменик-министерка од Вреди добил 9.000 евра од Општина Чаир – од компромитираната ДКСК само молк

Levica.webp.webp
300x250 opst2

Општина Чаир и заменик-министерката од Вреди, Калтрина Зеколи-Шаќири во скандалозна шема успеале да извлечат пари од буџетот на општината на нетранспарентен и коруптивен начин. Имено, општина Чаир исплатило речиси 9.000 евра на кафуле кое е во директна сопственост на функционерката од Вреди, и тоа само во периодот откако Зеколи-Шаќири стапи на функција.

Ова е грубо кршење на Законот за јавни набавки, кој јасно пропишува дека секоја набавка над 1.000 евра мора да се реализира преку транспарентна тендерска постапка. Ваквото делење буџетски пари на фирми кои се во сопственост на владини функционери е еклатантен пример за судир на интереси, злоупотреба на службена положба и политичка корупција.


Дополнително, за судирот на интереси говори и фактот што заменик-министерката Калтрина Зеколи Шаќири е поранешна портпаролка токму во Општина Чаир.

Левица ја повикува Антикорупциската комисија конечно да започне професионално да ја реализира својата работа, наместо да го крие од медиуми сертификатот на директорот на АНБ. Наместо да молчи пред владината корупција, ДКСК мора веднаш да отвори предмет за скандалозното делење буџетски пари на фирми во сопственост на владини функционери, векат од политичката партија Левица.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму