Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Партијата застана во одбрана на советникот што урлаше и повреди вработена во Кочани

Screenshot 2025 06 19 at 13.56.53.jpg
Img 7972

По вчерашниот инцидент на седницата на Советот на општина Кочани, при што беше повредена вработена во општината со фрлено шише, се огласија од Партијата за демократски просперитет на Ромите од каде реагираат на едностраното претставување на инцидентот.

Оттаму обвинија на долготрајна дискриминација и навреди кон нивниот сопартиец Аки Акиов од страна на советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васе Алексов, за што, како што велат, веќе е поднесена кривична пријава до ОЈО Кочани.


„Советникот Аки Акиов не е единствениот учесник во настанот – недозволиво е да се занемари суштината и причината. Тој континуирано беше прекинуван и навредуван од страна на советникот Васе Алексов и претседателот на Советот, Лазо Митев, особено при неговите обиди да проговори за трагедијата со дискотеката „Пулс“, каде загинаа млади животи. Денес, советникот Алексов упати крајно навредливи зборови „Мрш бе, говнар“ кон Акиов, што предизвика силна афектна реакција. Без намера, во тој момент беше погодена вработена во општината со пластично шише – за што Акиов веќе јавно се извини, и преку оваа реакција уште еднаш изразува искрено жалење“ велат од партијата.

Додаваат дека во инцидентот било фрлено пластично шише, а не како што некои медиуми пренесоа дека било стаклено. Побараа медиумите да информираат точно и одговорно, без сензационализам.

По инцидентот, вчера СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ разменија барања за одговорност и обвинувања за манипулации.

Можете да прочитате

Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија

Со „бмв“ удрил во паркирано возило, а потоа во малолетен пешак

Тасевски: Раководството на М-НАВ сее страв и паника, Штрајкот е законски, а безбедноста на парниците не е загрозена со штрајкот!