Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Советникот на Филипче во Кочани да си поднесе оставка

Vmro Dpmne 1.jpg

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност.


Инцидентот во Советот на Општина Кочани, каде советник на СДС повреди општинска службеничка, не случаен.

Вчерашното насилство на советникот на Венко Филипче е дел од сценарио кое самиот Филипче го има направено пред месец дена во Дубаи на средба со Зоран Заев.

Тоа е периодот кога кажавме дека Филипче 6 дена беше тајно во Дубаи, каде очигледно со својот ментор, Заев скувале план како да дефокусираат и да го спасат Венко Филипче.

СДС и Венко Филипче не знаат како да се справуваат со ситуациите, па затоа секогаш кога се во тесно, прибегнуваат кој креирање инциденти и општ хаос.

Откако со лаги и манипулации се обидоа да злоупотребат трагедија за бедни политички поени, сега СДС и Венко Филипче сакаат да направат хаос во Кочани.

Но, тоа нема да им успее. Јавноста јасно гледа дека ова се последни обиди за спас на политичката кариера на Филипче и нема да наседнат на нивните провокации и сценарија, преку насилство и создавање хаос.

На насилството не му е местото во државните институции, посебно во институции како општински совет, каде што советниците се бирани на непосредни избори, директно од граѓаните.

Граѓаните заслужуваат достоинствено претставување од нивните избраници и нивна работа во интерес на општото добро, а не работење во служба на поединци од политиката, во случајов Филипче.

Затоа, бараме итна и неотповиклива оставка од советникот на Венко Филипче во Советот на Општина Кочани, кој не е во служба на граѓаните, туку во служба за реализација на сценариото за негов спас, стокмено во Дубаи.

А, од друга страна, Филипче може да крои планови и сценарија со Заев колку сака, спас му нема, затоа што граѓаните ќе го казнат на избори, а правосудните органи, за сите криминални афери, ќе мора да го процесуираат.

Можете да прочитате

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

МЕТЕОАЛАРМ СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме доаѓа во Македонија!

Помор на риби во Тополка, забележана пенлива материја