Утрински Весник
Македонија

Шефот на унгарската дипломатија Сијарто во работна посета на земјава

20250309182912 big 730x400 53.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

Во фокусот на разговорите, како што информираат од Министерството, ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна соработка, како и тридецениското пријателство и континуираниот пораст на трговската размена.


Во рамките на посетата, се очекува потпишување на Договор за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија, Меморандум за разбирање меѓу Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија за соработка во рамките на Програмата Stipendium Hungaricum за периодот 2026–2028.

Меморандумот, како што соопштија од МНРиНТ, ќе биде потпишан од министерот Петер Сијарто и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Можете да прочитате

Сведоштво на мајка на жртва од „Пулс“: Монструмот Деко се криел во скривница во објектот, а нашите деца умирале

Ослабна топлиот бран: Имаме многу попријатни температури!

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да ја напушти функцијата ако така одлучат граѓаните