Утрински Весник
Економија

МЗШВ: Објавени три јавни повици за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година

Zemjodelstvo.webp.webp

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска се објавени три јавни повици за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, со цел модернизација на земјоделските стопанства во Македонија.

ЈАВЕН ПОВИК БР. 05/2025


Овој повик ги покрива следните инвестиции:

          •        Набавка на машини за разбивање на мраз;

          •        Набавка на системи против замрзнување;

          •        Заштитни мрежи и заштитени фолии;

          •        Набавка на опрема за систем за наводнување-капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површина вода;

          •        Инвестиции во опрема за воспоставување на електрични огради во пчеларник за заштита од дивеч.

ЈАВЕН ПОВИК БР. 06/2025

Овој повик се однесува на:

          •        Набавка на приклучна земјоделска механизација.

ЈАВЕН ПОВИК БР. 07/2025

Овој повик ги покрива следните области:

          •        Инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло од мал обем;

          •        Инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем.

За сите три јавни повици максимална вредност е 600.000,00 денари по корисник.

Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Право на аплицирање имаат Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Крајниот рок за доставување на барањата е 11.07.2025 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со поддршка за модернизација на земјоделскиот сектор, со што ќе се допринесе во подобрување на квалитетот на производите и зголемување на приходите.

Можете да прочитате

Итно зголемување на минималецот на 500 евра бара ССМ од пратениците

Проширување на услугите што ќе можат да се користат преку платежната сметка со основни функции – нова иницијатива на Народната банка

Трипуновски: Исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци