Утрински Весник
Македонија

Меѓународен ден на архивите – 9 јуни

20250608162358 big 730x400 76.webp.webp

Во светот и кај нас 9 јуни се одбележува како Меѓународен ден на архивите, ден кога во Париз во 1948 година е формиран Меѓународниот архивски совет, организација посветена на унапредувањето и промовирањетона архивското работење и на заштитата на архивските материјали.

Мотото на Меѓународната недела на архивите, која оваа година се одржува од 9 до 13 јуни 2025 година, е #ArchivesAreAccessible – Archives for Everyone (Архивите се достапни – архиви за сите!).


Од Државниот архив велат дека оваа тема која е избрана преку глобална анкета со учество на повеќе од 300 професионалци, ја истакнува клучната улога на достапноста во архивската дејност.

-Целта е да се поттикне размислување и акција за отворање на архивите кон сите заедници, без разлика на нивната локација, способност или припадност. Во фокусот на светската архивска заедница е прашањето на достапноста на архивските документи и услуги за сите граѓани – без разлика на нивниот социјален статус, образование, возраст, етничка припадност или физички способности, истакнуваат од Државниот архив.

Мотото, како што посочуваат оттаму, ја нагласува улогата на архивите како јавно добро и демократска алатка што овозможува транспарентност, отчетност и заштита на човековите права.

Државниот архив информира дека се вклучува во одбележување на Меѓународниот ден на архивите и Меѓународната недела на архивите со интензивна архивска едукација на ученици и студенти, ги поддржува вредностите на отвореност, професионалност и служба кон јавноста и ја продолжува својата мисија – зачувување, заштита и обезбедување пристап до архивското наследство на државата.

Можете да прочитате

Синот на Субрата Рој уште е на избирачкиот список

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Тошковски во посета на СВР Охрид и ОВР Струга: Забележителни резултати во справување со насилниот криминал и подобрување на сообраќајната безбедност, активно работиме и на „One Stop” системот со Албанија