Утрински Весник
Македонија

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Следува намалување на интензитетот на овој топлотен бран од Африка!

Ecm0 48.gif

Во периодот од (понеделник 9 јуни до недела 15 јуни) во нашата Република Македонија ќе имаме намалување на интензитетот на овој топлотен бран од Африка и породор на посвежа воздушна маса од север која ќе услови пад на температурите на воздухот за 3 до 5 степени и повремено засилен ветер од северен правец.

Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повторно е можна појава на локално невреме.


И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој ќе ги спушти температурите за 3 до 5 степени во однос на оние кои ги имаме сега. Во попладневните часови ќе има услови за нестабилност и во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. И во Скопје максималната температура ќе се искачува околу 32/33 степени.

Можете да прочитате

Успешна спасувачка акција во близина на Ливадичко Езеро

СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски кон семејствата на повредените и загинатите во Кочани

Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски