Утрински Весник
Македонија

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните двајца пациенти повредени во пожарот во Кочани

Image 18.png

Последните двајца пациенти од вкупно 17 кои се лекуваа на Ургентниот клинички центар во Белград, а кои беа повредени во пожарот во Кочани, денес се пуштени од болничко лекување. Се работи за млади луѓе, 23-годишно момче и 24-годишна девојка, кои своето лекување ќе го продолжат во Македонија.

Докторот Милан Стојчиќ, раководител на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Клиничкиот центар рече дека сите 17 пациенти кои биле примени на 16 и 17 март годинава се успешно лекувани, а денеска белградската болница ја напуштаат последните два пациенти повредени во пожарот во Кочани.


„Изразувам и благодарност до македонските власти кои секојдневно беа во контакт со нас, како и на македонскиот амбасадор Никола Тупанчески кој постојано водеше грижа за состојбата на пациентите. Денеска ги отпуштаме последните двајца пациенти кои ги лекувавме во Ургентниот центар“,рече доктор Стојчиќ.

Благодарност до лекарскиот персонал во Ургентниот клинички центар во Белград изразија двајцата пациенти и македонскиот амбасадор во Белград, Никола Тупанчески, кој беше присутен на денешното отпуштање на пациентите.

Можете да прочитате

Одржано подготвително рочиште за случајот „Крмзов“, првото рочиште закажано за 27 март

Клековски: Над 14.000 хируршки интервенции за тумори, но слаб одѕив за специјализации по патологија

Средба Мисајловски и Роблес: Силен импут во развојот на македонско- шпанската одбранбена соработка