Утрински Весник
Македонија

Објавен јавен повик за финансиска поддршка за набавка на трактори

Logo mzsv1.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот повик бр.04/2025 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, наменет за модернизација на земјоделските стопанства преку набавка на трактори.

Мерка 121.8 – Набавка на трактори


          •        Максимална поддршка по корисник изнесува 600.000 денари;

          •        Поддршката се исплаќа на годишно ниво според реализацијата на деловниот план;

          •        Јавниот повик се однесува исклучително за набавка на трактори – приклучната земјоделска механизација не е покриена;

Право на користење на средствата имаат земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Земјоделци кои во претходните десет години користеле финансиска поддршка за набавка на трактори преку ИПАРД Програмата или Националните програми за рурален развој, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.

Крајниот рок за доставување на барањата е 07.07.2025 година.

Можете да прочитате

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви

24 сторија: Самохрана мајка без редовни приходи мора да плати приватна хоспитализација на нејзиниот татко поради немање државјанство