Утрински Весник
Свет

Израелската војска извлече тела на двајца заложници од Газа

1223.jpg

Телата на двајца израелски заложници се извлечени за време на воена операција во Појасот Газа, пренесе ДПА.

Жртвите се идентификувани како 72-годишниот Гади Хагаи и неговата 70-годишна сопруга Џудит Вајнштајн.


– Заедно со сите граѓани на Израел, мојата сопруга и јас им изразуваме искрено сочувство на семејствата. Нашите срца тагуваат поради оваа страшна загуба. Нека нивните спомени бидат благословени, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изјава.

Израелската војска соопшти дека телата се извлечени во заедничка специјална операција со домашната разузнавачка агенција Шин Бет во областа Кан Јунис во јужниот дел на Газа.

Израелскиот кибуц Нир Оз, каде што живеела брачната двојка, соопшти дека тие биле вратени во населбата каде ќе бидат погребани.

Семејството било информирано за нивната смрт во декември 2023 година.

Двојката наводно била убиена за време на терористичкиот напад на 7 октомври 2003 година, кога Хамас и други палестински милитанти упаднаа во јужен Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи повеќе од 250 заложници.

Според израелски извори, најмалку 20 заложници сè уште се живи во Појасот Газа.

Се верува дека остатоците од 33 мртви заложници се наоѓаат во запечатена област која содржи безброј подземни тунелски системи.

Можете да прочитате

Мелони: Новите трошоци за НАТО се прифатливи Италија

Нисан затвора седум фабрики, 20.000 луѓе остануваат без работа

Пилотите на авионите што го бомбардираа Иран летале 37 часа без прекин